сублимира
сублимираат; сублимирал; сублимиран
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 18883
1.
Претвори, претвора тврди тела во гасовити или со ладење претвори, претвора гасовити во тврди тела.
2.
возвиши, возвишува, облагороди, облагородува
Примери:
Поетот го сублимира националниот творечки дух.
Слично со:
облагороди (св.)
3.
(се сублимира) Се претвори, се претвора во нешто возвишено, благородно, продуховено.
Примери:
Меланхолијата и тагата се сублимираат во естетска категорија.